Република Општина Велес

Велешките основци спроведоа еколошка акција

Традиционалната Недела на мобилност што ја организира Општина Велес завршува во понеделник претпладне со час по сообраќајна култура за најмладите децата од градинките „Димче Мирчев“,а во соработка со екипа за сообраќај на СВР Велес.

Велешките основци спроведоа еколошка акција

По повод Европската недела на мобилност, во соработка со Младинскиот центар Велес и Јуроп хаус – Велес, Општина Велес денеска организира еко акција за чистење на теренот околу Автобуската станица во Велес.

Како што потенцираат од Општина Велес, со овој настан сакале да покажат дека нивните активности се насочени за подигнување на еколошката совест кај најмладите, а ведно и нивно активно вклучување во акции за чистење на животната средина како и акции за пошумување и слични еколошки акции.

Од Општина Велес кои се организатори на Неделата на мобилност информираат дека утре со почеток во 10 часот ќе организираат еколошка акција за чистење на рекреативниот центар кај реката Бабуна во близина на Велес.

Воедно на акцијата освен најмладите ги покануват и сите граѓани како и жителите на дивата населба Бабуна да им се приклучат и да го исчистат овој рекреативен центар кој на неколку локации како фудбалското игралиште кај Бабуна е целиот затрупан во ѓубре.

Традиционалната Недела на мобилност што ја организира Општина Велес завршува во понеделник претпладне со час по сообраќајна култура за најмладите децата од градинките „Димче Мирчев“,а во соработка со екипа за сообраќај на СВР Велес.

Општина Велес како организатор на Европската недела на мобилност ќе изврши и примопредавање на донациите во спортска опрема и реквизите наменети за велешките основни и средни училишта, аакои ги донираа општествено одговорни компании.

To top