Скопје Општина Ѓорче Петров

ФОТО: Свечена седница на Советот по повод денот на општина Ѓорче Петров

Нашата цел е јасна: модерна инфраструктура, силна економија, среќни семејства и задоволни граѓани, објави градоначалникот Стојкоски.

ФОТО: Свечена седница на Советот по повод денот на општина Ѓорче Петров

Свечена седница на Советот по повод денот на општината – Ѓорче Петров чекори напред со визија, единство и дела што оставаат трага, објави привиот човек на општината, Александар Стојкоски.

– Честитки до добитникот на годишната награда на Општина Ѓорче Петров, доктор Боро Јончев, до сите наградени ученици и добитници на признанија за својот придонес во заедничкиот развој на нашата локална единица.

Денес славиме голем ден за нашето Ѓорче Петров! Свечената седница на Советот одржана по повод Ден на Општина Ѓорче Петров е доказ дека кога сме обединети, со визија и заедничка работа – можеме да создадеме општина која чекори напред стабилно, одговорно и модерно, истакна Стојкоски.

Голема благодарност упатувам до Советот на Општина Ѓорче Петров за сите мудри и конструктивни одлуки во интерес на граѓаните, како и до сите општествено одговорни фирми и поединци кои со својата поддршка придонесуваат за напредокот на нашата општина. Драги сограѓани, пред нас е нов мандат – исполнет со уште поголеми визии, посветеност и љубов кон Ѓорче Петров, потенцира во објавата Стојкоски и додаде:.

Нашата цел е јасна: модерна инфраструктура, силна економија, среќни семејства и задоволни граѓани.

Заедно, со толеранција, соработка и обединетост ќе продолжиме да ја пишуваме историјата на нашето Ѓорче. Честит празник! Да живее Ѓорче Петров – симбол на борбата, развојот и нашиот сон за подобра иднина!

🔴🟡 Свечена седница на Советот по повод денот на општината – Ѓорче Петров чекори напред со визија, единство и дела што…

Posted by Александар Стојкоски on Friday, September 19, 2025

To top