Македонија локални избори 2025

Во седум општини од Југоистокот 17 кандидати за градоначалници и поднесени 30 листи за советници

Во седум општини од Југоисточниот плански регион-Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Ново Село и Дојран се поднесени 17 кандидатури за градоначалници и 30 листи за советници од кои две се уште не се потврдени.

Во седум општини од Југоистокот 17 кандидати за градоначалници и поднесени 30 листи за советници

Во седум општини од Југоисточниот плански регион-Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Ново Село и Дојран се поднесени 17 кандидатури за градоначалници и 30 листи за советници од кои две се уште не се потврдени.

Најмногу кандидати за градоначалник има во Гевгелија-5, а кандидатури поднеле Љупчо Бучков од Родина Македонија, Миле Атанасов од СДСМ, Андон Сарамандов од ВМРО ДПМНЕ, Магдалена Каркалашева-група избирачи и Тони Аврамов од Левица. За членови на Советот на Општина Гевгелија листи поднеле Левица, ЗНАМ, СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Искуство за успех предводена од ЛДП и МААК.

Во Богданци во трката за градоначалник се потврдени кандидатурите на актуелниот Блаже Шапов од СДСМ и Марјан Пеев од ВМРО ДПМНЕ, а листи за членови на Советот поднеле СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ и Левица, додека листата на Коалицијата Искуство за успех се уште не е потврдена.

Кандидати за граданачалник на Општина Босилово се актуелниот Ристо Манчев од ВМРО ДПМНЕ и Мариче Кармазичева од СДСМ, а за место во Советот листи поднеле СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, Левица и Група избирачи на Стојанчо Велков.

Во Валандово за трет градоначалнички мандат ќе претендира актуелниот Перо Костадинов од СДСМ, а противкандидат му е Ѓоко Камчев од ВМРО ДПМНЕ. Листи за членови на Советот поднеле МААК, Демократската партија на Турците, СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Искуство за успех.

Во Општина Василево кандидати за градоначалник се актуелниот Славе Андонов од ВМРО ДПМНЕ и Ванчо Новоселски од СДСМ, а листи за советници поднеле ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДПТ и ЗНАМ.

И во Ново Село има само двајца кандидати за градоначалник-Петар Спасов од СДСМ и сегашниот Ѓорѓе Божинов од ВМРО ДПМНЕ. Листи за советници поднеле Група избирачи на Костадин Ристоманов, Група избирачи на Давид Златанов, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

Во Дојран во трката за градоначалник влегуваат двајца кандидати-Ристо Џинев од СДСМ и Илија Тентов од ВМРО ДПМНЕ, а се пријавени три листи за членови на Советот на СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и на ЗНАМ, која се уште не е потврдена.

Најнови вести од Македонија

To top