Поради изведување водоводен приклучок во општина Центар, утре без вода за пиење ќе бидат улицата „Пиринска“ и дел од „Ленинова“, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Предвидено е водоснабдувањето да биде прекинато од девет часот до завршување со работните активности.