Шефот на сириската дипломатија Асад ал Шибани пристигна во Вашингтон во прва официјална посета по повеќе од 25 години.
– Се очекува министерот за надворешни работи да се сретне со американските конгресмени, со кои ќе разговара за укинување на преостанатите американски санкции кон неговата земја, изјави сенаторот Линдзи Греам.
Посетата на ал Шибани е во момент кога Вашингтон се обидува да ги укине санкциите кон Сирија и да посредува помеѓу новите исламистички лидери од регионот и Израел.
САД, исто така, посредуваат меѓу Израел и Сирија. Ал-Шара, кој треба да го посети Њујорк следната недела за Генералното собрание на ОН, наведе дека разговорите за безбедносен договор со Израел би можеле да дадат резултати „во наредните денови“.
САД воведоа строги санкции врз Сирија во 2011 година откако поранешниот претседател Башар ал Асад, сојузник на Иран и Русија, ги задуши антивладините протести, предизвикувајќи граѓанска војна што траеше речиси 14 години. По соборувањето на Асад во декември минатата година од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам, Сирија ги подобри односите со западните земји. Новите сириски лидери се обидуваат да ја обноват опустошената економија и инфраструктура на земјата по граѓанската војна, во која загинаа половина милион луѓе.
Американскиот претседател Доналд Трамп, по средбата со Шара во мај, изјави дека ќе преземе чекори за укинување на санкциите кон Сирија.