Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Филипче и СДС не се оградија од кампањата и повиците за линч на премиер

Во отсуство на проекти, во отсуство на програма, единствено нешто што понудува Венко Филипче и СДС се подметнување на пожари и еве овие фотомонтажи зад кои сметаме дека тие стојат, рече тој.

Манасиевски: Филипче и СДС не се оградија од кампањата и повиците за линч на премиер

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, денес одговараше на новинарско прашање и порача дека Филипче и СДСМ не се оградија од кампањата и повиците за линч кон премиерот Христијан Мицкоски.

-СДС и Венко Филипче не се оградија од кампањата и повиците за линч на премиерот. Дали тоа значи дека СДС и Венко Филипче повикуваат за линч на премиер, на министер за внатрешни работи и на директор за јавна безбедност? Во отсуство на проекти, во отсуство на програма, единствено нешто што понудува Венко Филипче и СДС се подметнување на пожари и еве овие фотомонтажи зад кои сметаме дека тие стојат, рече тој.

Најнови вести од Македонија

To top