Македонија локални избори 2025

Стаменкоска Трајкоска: Обединети во заложбите на нашата иднина

Продолжуваме да работиме посветено, обединето и транспарентно, секогаш ставајќи ги интересите на граѓаните на прво место, објави Стаменкоска Трајкоска.

Стаменкоска Трајкоска: Обединети во заложбите на нашата иднина

Кандидатката за градоначалника на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, на покана од генералниот секретар на Социјалистичката партија на Македонија, Иван Митровски, оствари конструктивен и важен состанок.

На мое големо задоволство, разменивме идеи, ставови и конкретни предлози со јасна цел – зајакнување на нашето партнерство и создавање подобри услови за сите граѓани, истакна Стаменкоска Трајкоска.

Таа додаде дека детално разговарале за тековните предизвици и за заедничките мерки што може да ги реализират, со акцент на подобрување на квалитетот на животот во општината.

Продолжуваме да работиме посветено, обединето и транспарентно, секогаш ставајќи ги интересите на граѓаните на прво место, објави Стаменкоска Трајкоска.

☝️На мое големо задоволство, на покана од генералниот секретар на Социјалистичката партија на Македонија, Иван…

Posted by Бети Стаменкоска Трајкоска on Wednesday, September 17, 2025

Најнови вести од Македонија

To top