Клуч за економски развој и подобрување на животниот стандард е обновена инфраструктура на регионалното поврзување, посебно на она кое води и кон границите. Такво стратегиско значење за Југоисточна Македонија има и магистралниот пат А4 кој води од Струмица до границата кон Бугарија, објави Коце Трајановски директор на Јавно претпријатие за државни патишта.
-Свесни за ова, ЈПДП во Програмата за 2025 година предвиде инвестиција од 30 милиони денари за санација на најоштетените делови од патот. Средствата се искористени за реконструкција и надградба на три клучни делници, објави Трајановски.
Тој додаде дека санацијата опфати делови кај Робовска раскрсница, од село Секирник кон село Сушица, како и патот низ Ново Село, во должина од околу 2 километри и со променлива ширина на коловозот од околу 6,5 метри. Вкупно, обновени се 10.500 квадратни метри асфалтна површина, со целосно стругање на старите, оштетени слоеви и вградување на 2.000 тони нов асфалт.
Изведувач на градежните активности е Јавното претпријатие „Македонијапат“, кое успешно ја реализираше санацијата според планираните рокови и стандарди.
Обновената инфраструктура ќе овозможи побрз, побезбеден и покомфорен сообраќај за сите учесници во сообраќајот.
Клуч за економски развој и подобрување на животниот стандард е обновена инфраструктура на регионалното поврзување,…
Posted by Коце Трајановски on Wednesday, September 17, 2025