Скопје палета од култура, уметност, музика, забава...

Културното лето во Ѓорче Петров финишира: Патриотски песни, музика за деца, џез, хорски изведби и многу пиво и забава со македонските поп-рок ѕвезди на пивскиот фестивал „Октобарфест“

По продолжената забавно-музичка и детска програма минатиот викенд, годинешното Културно лето 2025 во општина Ѓорче Петров неделава ќе финишира. А за крај како по правило секогаш се чува најдоброто, иако овој епитет годинава може да му се припише и на сето останато што досега се случуваше. Сепак, за време на следните септемвриски денови програмата ќе биде уште побогата и поразновидна, овој пат распоредена дури во пет дена.

Културното лето во Ѓорче Петров финишира: Патриотски песни, музика за деца, џез, хорски изведби и многу пиво и забава со македонските поп-рок ѕвезди на пивскиот фестивал „Октобарфест“

По продолжената забавно-музичка и детска програма минатиот викенд, годинешното Културно лето 2025 во општина Ѓорче Петров неделава ќе финишира. А за крај како по правило секогаш се чува најдоброто, иако овој епитет годинава може да му се припише и на сето останато што досега се случуваше. Сепак, за време на следните септемвриски денови програмата ќе биде уште побогата и поразновидна, овој пат распоредена дури во пет дена.

Така веќе во среда, на 17 септември љубителите на македонскиот фолклор, преточен во новосоздадените народни песни со патриотска содржина, ќе можат да го проследат настапот на дузина македонски фолк ѕвезди со изведба на песни од фестивалот „Гоце фест“! Почетокот е зкажан за 19.00 часот на платото на корзото до „Тинекс“.

Printscreen

На 18-ти септември, четврток, започнува тридневниот фестивал на пивото „ОКТОБАРФЕСТ“ во реонскиот парк на Ѓорче Петров, каде од 18.30 часот програмата ќе ја отворат со своите фантастични хорски изведби членките на женскиот хор „Фрида“, под водство на познатата пејачка и ТВ водителка, Сузана Турунџиева.

Printscreen

Од 19.00 часот започнува настапот на „Контра план“, додека од 20.00 часот свој концерт ќе одржи мегапопуларното дуо „Куку леле“ кое со своите безвременски хитови ќе ја забавува публиката. Вечерта од 21.30 часот ќе ја затвори ДЈ Александар Јордановски со својот ДЈ сет.

На 19-ти септември, петок, забавата на вториот ден на пивскиот фестивал од 19.00 часот ќе ја отвори македонскиот поп пејач Даниел Дан. По него, од 20.00 часот следува настапот на членовите на проектот „Пауза за ракија“ кои со своиуте бравурозни фолк изведби ќе ја размрдаат публиката. За крај на вечерта, од 21.30 часот концертот на македонската рокерка Дани Димитровска ветува одлична рок ен рол забава.

Printscreen

На 20-ти септември, сабота, програмата започнува точно напладне, во 12.00 часот со детски содржини. Поточно со концертот на гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска и проектот „Да ни биде животот песна“ со изведба на класична музика за деца. По неа, од 13,00 часот следи детската интерактивна претстава со „Фамилија Металковци“.

Printscreen

Вечерниот дел на програмата од третиот ден на „ОКТОБАРФЕСТ“ започнува во 18.00 часот со изведбата на квартетот тромбони „Макбрас“. По нив, од 19.00 часот свој настап ќе имаат „Acoustic Solutions“, додека од 20.00 часот ќе настапи младиот македонски пејач Огнен Здравковски.

За крај како јаготка на „пивскиот слад“, од 21.30 часот публиката со свој концерт ќе ја забавуваат Кун и Тонито, попознати како членови на мегапопулрното трап дуо „2Бона“.

Printscreen

Последниот ден од викендот, недела, 21-ви септември во Културното лето во Ѓорче Петров е резервиран за една поинаква содржина, со почеток од 12.00 часот напладне во организација на ЕФЗ “Седум осмини“! Во прашање е традиционалната манифестација „На гости во Ханриево“ (старото име на општина Ѓорче Петров), со настап на повеќе фолклорни ансамбли, културно-уметнички друштва, фоклорни инструменталисти…

Printscreen

Вечерта завршува со филмска програма од серијалот „Летно кино во Ѓорче“ со проекција на два култни македонски филма.

Printscreen

Најпрвин „Бунт на куклите“ во режија на Димитрије Османли и потоа „Хај – Фај“ на режисерот Владимир Блажевски.

To top