Канадската скијачка Валери Грение победи на велеслаломот од Светскиот куп (СК) во Крањска Гора и тоа со резултат од 1:50,51 минута.
Таа беше за 37 стотинки беше побрза од Швајцарката Лара Гут Бехрами, додека на последното скалило на подиумот се искачи Федерика Брињоне (Италија), која заостануваше 51 стотинка зад победничката.
Лидер по првото возеше беше Словачката Петра Влхова, но на крајот таа трката ја заврши на четвртото место.Американката Микаела Шифрин, која денеска заврши на деветтата позиција и натаму е лидер во генералниот пласман во СК со 929 бодови, Брињоне е втора со 697, а Влхова е трета со 622 бода.
Во поредокот за велеслалом, Брињоне е прва со 460 бодови, а ја следат Гут Бехрами со 445 и Шифрин со 349 бодови.
Швајцарецот Марко Одермат, пак, е победник во велеслаломот во машка конкуренција во Аделбоден, каде што со време 1:54,06 минути стигна до 28 победа во трките од Светскиот куп.
Второто место го освои Норвежанецот Александар Омот Килде, кој беше за 1,26 секунди побавен од Одермат, додека трет беше Хрватот Филип Зубчиќ со заостанување од 1,77 секунди.