Кошаркарот Крис Пол и во минатото имаше скршеници кои го оддалечуваа од НБА паркетите, но најновата скршеница на раката беше навистина чудна.
Во една ситуација кога изгледаше навистина безопасна, Крис Пол само се фати за раката по дуелот со Ајви и без да бара дозвола веднаш замина кон соблекувалната.
По крајот на мечот кој заврши 113:109 за жал пристигна потврда дека станува збор за фрактура на левата рака, па најверојатно Пол ќе мора да мине низ нова операција.