Некогашниот капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон размислува да ја напушти Саудиска Арабија, после само неколку месеци минати во оваа земја, во дресот на Ал Етифак.
Поранешниот англиски репрезентативец силно сака да се врати во Англија, со оглед дека не се снајде најдобро во Саудиска Арабија. Неговиот договор е на 700.000 фунти неделно, но сето тоа е залудно кога тој е незадоволен.
Под голем притисок е и менаџерот Стивен Џерард кој би можел во јануари да си замине заедно со Хендерсон. Претходно желба за враќање во Англија покажа и Роберто Фирмино кој веројатно ќе се врати во Премиерлигата. Исто така и Сергеј Милинковиќ-Савиќ кој би можел во јануари да заврши во таборот на Интер.