Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го загуби финалето на W 75 турнирот што се играше денеска во Букурешт, за награден фонд од 60.000 долари.
Поуспешна од неа беше актуелната јуниорска шампионка на Ролан Гарос Лили Тагер од Австрија со 2-1 во сетови (64 36 64).
Со овој пораз прекината е низата од девет победи на македонската тенисерка, а на последните 20 меча Ѓорческа има 17 победи. Финалниот меч траеше 2 часа и 35 минути.
Ова за Ѓорческа беше петто финале во 2025 година или вкупно 40.то во кариерата, а има две турнирски победи во 2025 и вкупно 15 во кариерата.