Свет протести

Бројот на жртвите од минатонеделните немири во Непал порасна на 72

Според најновите податоци, најмалку 2.113 лица се повредени во немирите.

Бројот на жртвите од минатонеделните немири во Непал порасна на 72

Според последните податоци од властите во Непал, бројот на жртвите од минатонеделните немири се зголеми на 72, откако тимовите за пребарување пронашле тела во згради на државни институции, куќи и други објекти запалени за време на протестите против корупцијата.

– Сега се откриваат телата на многу луѓе кои загинале во трговски центри, куќи и други објекти кои биле запалени или нападнати, изјави портпаролот на Министерството за здравство, Пракаш Будатоки.

Според најновите податоци, најмалку 2.113 лица се повредени во немирите.

To top