Хроника СВР Тетово

Тетовец се здобил со повреди откако швајцарски „мерцедес“ го удрил и избегал

Од ударот тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово, соопшти МВР.

Тетовец се здобил со повреди откако швајцарски „мерцедес“ го удрил и избегал

Вчера во 15:10 часот во СВР Тетово, А.С.(60) од Тетово пријави дека на 10.08.2025 околу 12:15 часот на кружниот тек од улица „Илинденска” со улица „Благоја Тоска”, додека излегувал од неговото возило, бил удрен од патничко моторно возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, по што не застанало и продолжило да се движи по улица „Илинденска”.

Од ударот тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Најнови вести од Хроника

To top