Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С. од Скопје удрило во пешакот С.П.(44) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.