Фудбал Против дисквалификацијата

УЕФА делумно ја поништи казната на Флик

Апелацискиот комитет на УЕФА одлучи да ја замени дисквалификацијата на Флик и Сорг со условна, но паричната казна останува на сила.

УЕФА делумно ја поништи казната на Флик

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) делумно ја потврди жалбата на Барселона против дисквалификацијата на главниот тренер Ханс-Дитер Флик и неговиот помошник Маркус Сорг.

Тренерите беа дисквалификувани на 8 август за еден европски натпревар поради кршење на општите принципи на однесување и основните правила на пристојно однесување по полуфиналниот реванш-натпревар од Лигата на шампионите против Интер (3:4), што се одржа на 6 мај. Тие беа казнети и со 20.000 евра.

Апелацискиот комитет на УЕФА одлучи да ја замени дисквалификацијата на Флик и Сорг со условна, но паричната казна останува на сила.

Барселона ќе игра против Њукасл во главната фаза од Лигата на шампионите на 18 септември. (МИА)

To top