Колумни колумна

Го убиваат зборот, ја убиваат вистината

Ова е содржината на текстот во кој не се напаѓа никој и ништо, не се сее нетрпение ниту што и да е, туку, едноставно, се оддава почит на една македонска мајка, на македонската традиција, на мирисот на тукушто испечено лепче месено од вредните раце на македонска жена. Овој текст беше забранет за ширење по социјалните мрежи. Самопрогласените “сопственици на вистината“, чуварите на социјалните мрежи, го забранија.

     Истиот ден, во Солт Лејк Сити, во американската држава Јута, во еден студентски кампус, беше убиен Чарли Кирк додека говореше за традицијата, за Бог, за вистината, за меѓусебното разбирање. Самопрогласените “сопственици на вистината“ пукаа во него.

Го убиваат зборот, ја убиваат вистината

 

“Имав огромна чест да бидам примен во скромниот дом на едно чесно и достоинствено семејство во едно село во источниот дел на Македонија. Оној кој секојдневно се раселува.

Семејство кое ги издржало сите удари на неправдата во годиниве што поминаа.

Мајката, подвиткана во половината од тешкиот живот, но гордо исправена во умот, месела и испекла лепчиња како нашите баби.

Лепчето морав да го земам и да го пробам – мириса на македонско постоење, традиција и опстанок.

Жива е Македонија се’ додека има кој да го меси македонското лепче.

Мајче, ти благодарам !!!“

Ова е содржината на текстот во кој не се напаѓа никој и ништо, не се сее нетрпение ниту што и да е, туку, едноставно, се оддава почит на една македонска мајка, на македонската традиција, на мирисот на тукушто испечено лепче месено од вредните раце на македонска жена. Овој текст беше забранет за ширење по социјалните мрежи. Самопрогласените “сопственици на вистината“, чуварите на социјалните мрежи, го забранија.

Истиот ден, во Солт Лејк Сити, во американската држава Јута, во еден студентски кампус, беше убиен Чарли Кирк додека говореше за традицијата, за Бог, за вистината, за меѓусебното разбирање. Самопрогласените “сопственици на вистината“ пукаа во него.

И, можеби ќе се запрашате што е заедничко за овие две случувања?

Заедничка е омразата на екстремните левичари, на современите западни марксисти, на неолибералите, кон се’ што е божјо, кон се’ што е дел од традицијата, кон се’ што се создава во нормалниот живот на нормалното семејство. Заедничка е нивната омраза кон секој што размислува и зборува поинаку од нив, омразата кон секој кој не ја прифаќа воук и трансџендер идеологијата…  Па, на сите можни начини се обидуваат да го спречат и да го забранат поинаквото размислување, поинаквото говорење, поинаквото однесување, да спречат и да забранат се’ што произлегува од вековната традиција, од верата, од духовноста. За таа цел, очигледно, подготвени се и да убиваат. Подготвени да пукаат во зборот, да пукаат во вистината.

БРУТАЛНА КАМПАЊА НА ОМРАЗА

За жал, еден млад човек мораше да биде убиен заради неговите ставови, заради неговиот напор да влезе меѓу младите и да ги освестува, да ги придобива на страната на вистината, на традицијата, на верата, конечно, на страната на мирот, бидејќи тој се бореше и против војната во Украина. Мораше да биде убиен бидејќи бруталната кампања на омраза спроведувана со децении од страна на радикалната левица, го направи мета во која може слободно да се пука.

Со децении наназад се одбираат поединци и групи, кои не се согласуваат со екстремната левичарска идеологија за уништување на детето, семејството, верата и нацијата, се напаѓаат на сите начини до ниво на нивна демонизација преку сите нивни медиуми и социјални мрежи; се создава омраза кон нив и, тие стануваат отворена мета за уништување; се отвора сезоната за лов токму на тие и таквите, на оние кои имаат храброст да им се спротивстават на радикалните левичари. Па, некогаш се организира атентат врз нив, а некогаш, нема ниту потреба за тоа – некој непресметлив поединец, наполнет со омраза преку левичарските медиуми, го зема  оружјето во свои раце и, пукајќи, “го спасува светот“ од проклетите традиционалисти кои се’ уште сакаат нормални деца, нормални семејства, вера во Бог и национална припадност.

Обидот за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо, кој, за среќа, заврши неуспешно, е еден од примерите; двата неуспешни атентати врз Доналд Трамп, исто така.

ПОВИК ЗА ДУХОВНА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА

Значи, мораме да бидеме внимателни со радикалната левица и овде, во Македонија. Подзаскриена зад лажниот наратив на социјална правда, возејќи се во скапи џипови а говорејќи за грижа за сиромашните, радикалната левица во Македонија има една и единствена цел – да не врати во темното време на најголемиот диктатор во повоена Европа, Енвер Хоџа, за да бидат уништени и децата и нормалното семејство, а најмногу верата и нацијата.

Токму затоа, се покажува како најисправен повикот на МААК за духовна обнова на Македонија и предлог Стратегијата за насочување на македонската нација во духовноста. Стратегија за враќање во верата; во традицијата; за враќање на воспитната компонента во образованието; за воспитување на машките и женските деца да создаваат нормално семејство и раѓаат деца; за враќање на патриотизмот, како љубов кон патријата (татковината), наместо љубов кон партијата (бирото за вработување); за создавање на творечко наместо потрошувачко општество; за враќање во културата на умот наместо културата на телото, за извлекување на секој поединец од хедонизмот, како ненаситност од материјални богатства; за извлекување на секој поединец од конформизмот каде претставува објект со кој се управува и, негова промоција во субјект кој ќе управува…

Ова е единствениот начин за успешно справување со агресивните напади на радикалната левица врз нашите деца, нашите семејства, нашата вера, нашата нација. Агресивни напади, кои гледаме, може да завршат трагично за оние кои се борат против нивната агресија.

Мнозинството од нормалното човештво, секој во својата држава, а потоа и на планетарно ниво, мора да им се спротивстави, доколку не сака да биде совладано од аморалната агресија на радикалната левица.

Страшо Ангеловски

Претседател на МААК

To top