Ѕвездата на ТВ серијата „Волшебнички“ се надева дека новите третмани за рак ќе ѝ помогнат да живее подолго.
Во јуни минатата година, актерката објави дека нејзиниот рак метастазирал и се проширил на коските и мозокот. Шенон сега се надева дека новите терапии во борбата против страшната болест ќе ѝ помогнат да го продолжи животот барем уште неколку години, пренесува news.com.au.
Во понеделничката епизода од нејзиниот подкаст Let’s Be Clear, таа ја откри својата надеж дека ќе може да го одржува своето здравје во следните неколку години додека не се постигне напредок во лекувањето.
„Секогаш велам дека само треба да извлечеме уште три до пет години, а потоа ќе има терапија со Т-клетки. Ќе има уште многу опции кои ќе се појават за пет години“, рече Шенон.
„Не завршив со животот. Не завршив со љубовта. Не сум завршена со создавањето. Не сум завршена со надежта дека работите ќе се подобрат. Едноставно не сум завршена“, додала актерката.
И покрај напорните и исцрпувачки третмани, Шенон сè уште наоѓа сила и за нејзиниот подкаст.