Ракомет „црвено-црните“

Голманот Гогов го продолжи договорот со Вардар 1961

Актуелниот договор на Гогов истекува во јуни 2026, но задоволен од неговите настапи, клубот веднаш одлчи да му понуди продолжување“, се наведува во клупското соопштение.

Голманот Гогов го продолжи договорот со Вардар 1961

Двократниот европски првак Вардар 1961 потпиша денеска нов договор со македонскиот голман Васил Гогов и тој ќе остане дел од „црвено-црните“ најмалку до јуни 2027 година.

„Актуелниот договор на Гогов истекува во јуни 2026, но задоволен од неговите настапи, клубот веднаш одлчи да му понуди продолжување“, се наведува во клупското соопштение.

‼️‼️‼️ РК Вардар потпиша нов договор со македонскиот голман Васил Гогов и тој ќе остане дел од „црвено-црните“ најмалку…

Posted by RK Vardar 1961 on Thursday, September 11, 2025

Гогов, кој од 2019 година е дел од Вардар веќе неколку сезони е дел од првиот тим, сериозно се наметна како важен дел од голманската линија на Вардар. Во изминатата сезона доби сè поголема минутажа, што ја оправдува со доби настапи.

„Васил покажа дека има квалитет и карактер за Вардар. Неговиот напредок е очигледен и со нетрпение очекуваме да продолжи да расте во нашиот дрес“, соопшти Вардар 1961.

To top