Свет Воен рок

Ерменија планира скратување на задолжителната воена служба

Министерството за одбрана на Ерменија предложи намалување на задолжителната воена служба од сегашните 24 месеци на 18 месеци. Предлог-законот е објавен за јавна расправа, а ако биде усвоен, ќе стапи во сила во летото 2026 година.

Ерменија планира скратување на задолжителната воена служба

Министерството за одбрана на Ерменија предложи намалување на задолжителната воена служба од сегашните 24 месеци на 18 месеци.

Предлог-законот е објавен за јавна расправа, а ако биде усвоен, ќе стапи во сила во летото 2026 година.

Оваа иницијатива е дел од владината програма за периодот 2021–2026 година, со цел скратување на задолжителната служба и поголемо охрабрување на доброволната (договорна) служба.

Министерството нагласува дека последните реформи – како договорната служба „Бранител на татковината“, системот за сертификација и воведувањето на професионални наредници – дале позитивни резултати и ја направиле доброволната служба поатрактивна.

To top