Македонија длабоко се навлезени во незаконско прислушување, затоа паничат

Костов: ВМРО-ДПМНЕ е прислушкувано од раните 90-ти, се започна со „Сина птица“, продолжи со „Дувло“, „бомбите“ на Заев па се до денес

ВМРО-ДПМНЕ е прислушкувано од раните 90ти, се започна со „Сина птица“, тоа е афера против ВМРО-ДПМНЕ, продолжи со „Дувло“, прислушкување на жолтата куќа, тоа е поранешното седиште на ВМРО-ДПМНЕ, па малку им беше па некои ретроградни сили осцениле дека партијата треба да биде стопирана и ослабена преку вакфи афери, истакна во своето гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа со новинарот Љупчо Цветановски аналитичарот и поранешен јавен обвинител Сотир Костов.

Костов: ВМРО-ДПМНЕ е прислушкувано од раните 90-ти, се започна со „Сина птица“, продолжи со „Дувло“, „бомбите“ на Заев па се до денес

„Многу е грдо ова повторување на историјата, доста беше безбедносните агенции, организации да ни го уредуват политичкиот, правниот, економскиот и социјалниот живот. Тие треба да не заштитуваат нас како поединци, државата и националните државни интереси, но да се потсетиме како почна:

-Почна со „Сина птица“, тоа е афера против ВМРО-ДПМНЕ во раните 90-ти години и тоа е кафеана во кочанско на 2-3 километри од Кочани. Продолжи со „Дувло“, прислушкување на жолтата куќа, тоа е поранешното седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Малку им беше, се откри подоцна дека тоа биле очајнички обиди, ВМРО-ДПМНЕ да биде стопирано бидејќи на првите парламентарни избори зело голем замав и оцениле некои ретроградни сили, дека ВМРО-ДПМНЕ не треба да зајакнува и ајде ќе го ослабнуваме преку афери. Да се сетиме за 94-98 година, пљачката на општествениот и државниот капитал и еве најеклатантниот пример ТАТ, наместо да работат да спречат, тие учествувале. Тој министерот во тренерки не беше министер, тоа се луѓе на службите, тоа се провокатори, агенти уфрелени кои наместо да бранат, земале вреќи пари, ги снема парите, Соња си одлежа, ама знаете колку самоубиства има, колку животи се изгубени тогаш? Да одмотаме лента понаваму. Да одиме 2001 прва година, наместо да спречуваат војна, наместо да укажуваат имаме опасности од Косово, уфрлени терористи, тие учествувале со некои договори. Чувме од после војната дека некои од нив оделе во Мала Речица, политичко безбедносни структури се договарале како да ја срушат власта на Љупчо Ѓорѓиевски, рече Костов во „За или против“ на Алфа со Љупчо Цветановски.

Военото разузнавање не го спречи ниту падот на хеликоптерот на АРМ кој што се враќал од мисијата „АЛТЕА“, наместо да ја спречат таквата одлука да не се оди со хеликоптери во такви временски услови тие не го прават тоа, објаснува КОстов.

-Јас во неколку истраги во возфухоловството што имав, видов дека имаме катастрофални безбеносни структури. За воениот хеликоптер што падна, за мисијата „АЛТЕА“, наместо военото разузнавање кое се содржи од Г2 и ВСБ, Г2 е под началникот на Генералштабот, ВСБ е посебна служба под министерот за одбрана, наместо тие да ја спречат лудата одлука на тогашниот началник на Генералштабот Стојановски да не се оди во такви временски услови со хеликоптери, тие не го спречуваат тоа, не кажуват извештаи за времето. Едниот хеликоптер одлучува да остане другиот тргнува и ни загина луѓето, појасни костов и продолжи:

-Да одиме малку наназад, ни го гранатираа претседателот на државата, ни го осакатија, за малку ќе го убиеја, следната година правиме 30 години од атентатот, знаеме ли кој се обиде да го убие претседателот, каде се тука разузнавачките служби, каде се тука контраразузнавачкие служби, каде се тука безбеносните служби? Зошто министерот за внатрешни работи молчеше 21 ден, зошто министерот за внатрешни работи го тргна веднаш и ја чистеше улицата? И почнаа да ни кажуваат приказни, бугарски служби, чешки служби, српски служби… ама има и една друга приказна, инспираторите, организаторите и изведувачите се тука меѓу нас. Значи, еве пак неспособност, во ова моја кратка анализа зборувам за неспособноста на историски гледано, хронолошки на овие безбедносни служби. Наместо да си ја вршат примарната работа, тие се мешаат во политиката, додаде аналитичарот.

Доаѓаме до фамозниот Заев, Верушевски и големиот срам со разговорите со кој се послужија за рушење на легално избрана Влада и еве сега до прислушкување на граѓани, активисти, интелектуалци, новинари, припадници на опозицијата, на лидерот на опозицијата Христија Мицкоски.

-Доѓаме до фамозниот Заев, Верушевски и големиот срам со разговорите кои еднаш се послужија еднаш да се сруши Влада легално избрана, еднаш се забранија да не се употребуваат и т.н, и еве сега кога се открива прислушувањето на граѓани на активисти, на интелектуалци, на припадници на опозицијата, на лидерот на опозицијата, што е крајно безобразно и т.н, сега тие измислуваат најразлични бирократско-административни за постапката да се уништи, имавме ние еден таков случај со Заев и Верушевски и сега некој сака да ја повториме грешката. Ни случајно. Сега сакаат се да сконцентрираат кон премиерот Мицкоски, кон неговите соработници, за да им го срушат рејтингот, неможат, само ги ојачуват бидејќи имаше прислушкување и пред тој бран, ќе потсетам на изјава на министерот Спасовски кој рече „следиме во центарот на градот две терористички групи кои сакат да ја загрозат безбедноста на државата“, а тоа се двете групи, во двете канцелари на СУМ и Бојкотирам, ете за кави терористи се работело, да ве потсетам и сега первертираат вредности, испревртуваат се, Мицкоски се плашел од содржината, НЕ. Ова треба да запри, тотално независно тело, нешто појако од овие собраниски комисии, треба да ги истражува и еднаш за секој пат да се открие кој злоупотребувал алатки за комуникација, кој престретнувал граѓански комуникации, полоитички комуникации, тоа е опозицијата, тоа е Мицкоски и неговиот тим, и општествени комуникации, вели Костов.

Тој смета дека сега се фатени на дело и дека длабоко се навлезени во незаконско прислушување.

Фатени се на дело, ова е груба работа. Јас не знам зошто толку паничат, ама очигледно многу се навлезени во глибот на незаконско прислушување, смета Костов.

Во продолжение целата емисија:

To top