Најмалку 60 лица се убиени ноќеска во источно Конго, во брутален напад од бунтовничка група поврзана со Исламска држава, потврди денеска локалниот администратор на територијата Луберо, каде што се случи нападот, Ален Кивева.
Американските медиуми пренесуваат дека нападот го извршиле Сојузничките демократски сили (АДФ) во Нтојо, во покраината Северен Киву, за време на погреб каде што се собрале локалните жители.
-Нападот на АДФ предизвика околу 60 смртни случаи, но конечниот број на жртви ќе биде објавен подоцна вечерва, бидејќи територијата штотуку распореди служби во областа за да го преброи бројот на обезглавени лица, рече Кивева.
Според сведоштвата на преживеаните, нападот го извршиле десетина напаѓачи.