Македонија ВРЕДИ

ВРЕДИ: Честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста External Inbox

– Денес го одбележуваме еден од најважните датуми во историјата на државата – 8 Септември, Денот на независноста, кој денес е празник на сите граѓани на нашата земја, се вели во честитката.

ВРЕДИ: Честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста External Inbox

Соопштение на коалицијата ВРЕДИ:

„Денес го одбележуваме еден од најважните датуми во историјата на државата – 8 Септември, Денот на независноста, кој денес е празник на сите граѓани на нашата земја.

Ова е моментот кога граѓаните на оваа земја го избраа патот на суверенитет и ги поставија темелите на слободна и независна држава.
Но нашата современа историја не може да се разбере без да се спомене и Охридскиот договор, кој ѝ даде на државата димензија на еднаквост и ја направи заеднички дом за сите граѓани. Независноста и еднаквоста се двата столба врз кои се гради нашата заедничка иднина.

По тој повод, Вреди им го честита Денот на независноста на сите граѓани, со целосна увереност дека заедно ќе продолжиме да ја зајакнуваме демократијата, еднаквоста и европската перспектива на нашата земја.“

To top