По прекрасното скопско попладне задоволството не го криеше и македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов.
„Она што го договаравме пред мечот, добро го реализираме, го пренесовме на терен и тоа ни го донесе овој убедлив резултат. Во денешниот фудбал не постои релаксирачки и лесен натпревар, никој не може да влезе со 70% од своите можности, особено кога се носи дресот на државата. Тоа треба така да биде и во иднина, ние секогаш ќе даваме 100%, а секојаселекција што ќе гостува во Македонија ќе треба да знае каде доаѓа и ќе треба да си го испоти задникот ако сака да победи во Скопје изјави Чурлинов.
Македонија, со исклучок на едно реми, ги доби сите официјални натпревари против Лихтенштајн, а посебно ефикасни се нашите победи на домашен терен во Скопје.