Фудбал Ново засилување

Ќосевски една година во Вардар

Победникот на Купот екипата на Вардар има ново име на голманската позиција

Ќосевски една година во Вардар

Победникот на Купот екипата на Вардар има ново име на голманската позиција. Едногодишен договор со „црвено-црните“ потпиша досегашниот голман на Струга Трим Лум, Ведран Ќосевски.

Тој пред неколку дена го напушти тимот од Струга, а со доаѓањето ќе преставува засилување за „црвено-црните“ од причина што тимот сега има поголема конкуренција за оваа позиција.

Ќосевски е поранешен голман на Железничар Сараево и Вележ Мостар од БиХ, а бранеше и во Ештегал од Иран, додека во Македонија го бранеше голот на Струга ТЛ со кој тим ја освои и шампионската титула.

To top