Норвежаните денеска излегоа на гласачки места, првиот од двата дена гласање во тесна трка меѓу левичарскиот блок предводен од владејачката Лабуристичка партија и десничарскиот блок предводен од популистичката Партија на напредокот и конзервативците.
Се очекува најмалку девет политички партии да освојат места во Парламентот на изборите што завршуваат утревечер, но само лидерите на трите најголеми партии се кандидати за премиер .
Клучните теми во кампањата беа трошоците за живот, оданочувањето и јавните услуги, а исходот би можел да влијае на снабдувањето со енергија и електрична енергија во Европа, како и на управувањето со норвешкиот суверен фонд за богатство вреден два трилиони долари.