Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски на денешната прес-конференција изјави дека СДС признале дека преку АНБ и АР го прислушувале и следеле претседателот на партијата Христијан Мицкоски, попусти се обидите на Виктор Димовски да се извлече.
-СДС призна дека 5 години го следеле претседателот Мицкоски. Тоа значи дека не само тој, туку и неговото семејство биле предмет на следење на тајните служби.
Овие служби, наместо да го штитат интегритетот на државата и граѓаните, тие биле маша за политичка борба и притисок на СДС. Главен извршител бил Виктор Димовски и свесен за последиците од признанието на СДС во паника негира и бега од последиците на своето делување, вели Петрушевски.
Тој додаде дека Виктор Димовски многу добро знае што правел, и какви кривично правни последици има тоа.
-Виктор Димовски да признае што правел и по чија наредба од врвот на политиката. Следењето и прислушкувањето не би било можно без директна дозвола од Зоран Заев, затоа што во целиот систем бил вклучен и Љупчо Коцевски од ЈО, кој подоцна е избран за Републички ЈО и Врховниот суд. Овој скандал на злоупотреба на службите не смее да остане не санкциониран. Одговорност мора да има, за никогаш да не се повтори, нагласува Петрушевски.