Македонскатата репрезентација до 19 години ја совлада соодветната селекцијата на Босна и Херцеговина во вториот пријателски натпревар во Струмица со резултат од 2:1.
Водство за македонскиот национален тим во 30.минута донесе Стефан Младеновски откако беше прецизен изведувач на пеналот.
Предноста беше актуелна само три минути откако Армин Спахиќ донесе изедначување.
На почетокот на вториот дел по грешката на гостите Игор Ристов донесе ново водство за македонскиот тим што потоа беше и конечен резултат.
Во првиот натпревар меѓу овие две селекции пред два дена, македонските млади фудбалери победија со во Радовиш.