Со победата во полуфиналето на ИТФ турнирот во Слобозија, Романија македонската тенисерка Лина Ѓорческа избори ново вкупно четврто финлео 2025 година.
Таа ја совлада романската тенисерка Марија Попа со 2-0 во сетови (6-1, 6-4) за 86 минути игра.
По 1-1 во гемови Ѓорческа направи серија од пет гема и го доби првиот сет со убедливи 6-1 за 30 минути игра.
Во вториот сет нерешено беше до 2-2 во гемови, кога македонската тенисерка успеа да освои два гема за водство од 4-2, но ривалката ја врати неизвесноста откако изедначи на 4-4.
Сепак Лина ги доби следните два гема за да го добие вториот сет со 6-4 и со тоа и мечот со 2-0 во сетови.
Во финалето Ѓорческа ќе игра со уште една романска тенисерка Елена Бертеа, која со 2-0 во сетови (6-3, 7-6/3) ја победи сонародничката Георгина Кракун.
Ова за Лина ќе биде четврто финале во 2025 година, а сите ги играше во Куршумлијска Бања, Србија. Воедно ова за неа ќе биде трет финален меч на последните три турнири.