Ракометарите на Вардар 1961 со победа ја отворија новата сезона во Суперлигата.
Најтрофејниот клуб во Македонија без многу потешкотии славеше на гостувањето кај Струга о резултат 25-38 полувреме 11-20.
Најпрецизен на теренот беше токму Кавада со девет гола од единаесет обиди, а во таборот на Вардар во листата на стрелците се запишаа уште десет ракометари.
За домашниот тим солиден настап имаше Атанасовски со седум погодоци.