Од петок од 10:00 часот започнува продажбата на влезници за квалификацискиот натпревар на младата репрезентација на Македонија до 21 година против Италија, кој ќе се одигра на деветти септември на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
Битола по повеќе од три децении ќе биде домаќин на еден репрезентативен натпревар, а фановите кои што сакаат да ги бодрат пулените на Горан Станиќ од својот буџет ќе треба да издвојат по 200 денари, колку што чини билетот за оваа средба.
Влезниците ќе може да се купат On-line преку eticket.ffm.mk и во продажните места на Димпо Тобако во Битола.
После цели 31 година, Македонија повторно игра во Битола.
Прв и последен пат тоа беше во 1994 година, против Шпанија, токму со репрезентациите до 21 година.