Останати спортови

Пресврт на Ѓорческа за пласман во полуфинале на турнир во Романија

Пресврт на Ѓорческа за пласман во полуфинале на турнир во Романија

Maкедонската тенисерка Лина Ѓорческа ги продолжува настапите на ИТФ турнирот во W50 Слобозија во Романија.

Во третото коло тетовчанката направи неверојатен пресврт против Луција Ќириќ Багариќ од Хрватска и од негатива од 1-0 во сетови славеше со 1-2 и со тоа се пласира во полуфиналето од овој турнир.

Нашата тенисерка натпреварот го отвори со многу грешки, и противничката сигурно го искористи тоа и со 6-1 во гемови поведе со 1-0. Но, потоа следуваше целосна доминација на Македонската. Ѓорческа како да се мотивира дополнително од својот слаб перформанс во првиот сет и почна да ја „меле“ противничката.

Во вториот сет Ѓорческа ѝ препушти само еден гем на Багариќ, додека одлучувачкиот го освои на перфектен начин – без загубен гем (6-0).

Во битката за финале нашата тенисерка ќе се сретне со домаќинката Попа, која што е трет носител на турнирот.

 

To top