Фудбал

Елези: Одиме натпревар по натпревар и бод по бод

Елези: Одиме натпревар по натпревар и бод по бод

Македонската репрезентација до 21 година замина за Полска, каде против домашната селекција ќе го одигра првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2027 година.

Селекторот Горан Станиќ верува во оваа генерација,  убеден е во успех во циклусот кој го отвораме во Краков. Дашмир Елези фудбалерот на Работнички е еден од главните адути во нападот на младата селекција.

„Секако дека сме возбудени поради стартот на квалификациите. Пред нас е цел циклус и имаме што да покажеме. Мотивирани сме максимално. Полска е квалитетен тим, анализиравме и видовме на што треба да се посветиме. Одиме по поволен резултат, сакаме да освоиме бодови таму, а потоа со сите сили кон Италија и дуелот во Битола. Одиме натпревар по натпревар, бод по бод, до успех на оваа генерација,“ изјави Елези.

Дуелот е закажан за петти септември во 18:00 часот, на стадионот во Краков со капацитет од околу 15.000 гледачи.

To top