Ракометарите на Е.Пелистер по третпат го освоија трофејот во Суперкупот, откако по огромна драма го совладаа Вардар 1961 со 28-27 (12-13).
По четврти пат во низа, втор во официјалните натпревар пелистерци го совладаа лутиот ривал и ја отворија новата сезона со првиот трофеј.
Најефикасен играч на средбата беше Хосни со осум гола, додека кај вардарци се истакна Кавада со шест.