Скопје

Стаменкоска Трајковска: Заедницата станува подобра кога се грижиме и за луѓето и за животните

Стаменкоска Трајковска: Заедницата станува подобра кога се грижиме и за луѓето и за животните

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајковска вели дека секое живо суштество заслужува грижа и достоинствен живот.

– Како пратеник и како човек, верувам дека обврска ни е чекор по чекор да изградиме заедница која ќе биде добра и за луѓето и за животните. Малите гестови дома, треба да станат големи навики и надвор од дома. Заедницата станува подобра кога се грижиме и за луѓето и за животните. Тоа е култура. Тоа е вредност. Понекогаш и зад сериозните теми, седници и обврски, се крие едно крзнено суштество кое трпеливо чека топлина и внимание. Без разлика дали е дома или на работа, верувам дека малите гестови градат големи вредности. Нашето маче Макс е добро! Ова беше само редовен преглед кај мојот сосед – ветеринарот Ивица, бидејќи Макс заслужува постојана љубов и грижа, објави Стаменкоска Трајкоска.

Додава дека Општина Кисела Вода заслужува луѓе што се грижат дома, но и надвор од дома.

Најнови вести од Скопје

To top