Националниот фудбалски тим ги одработува подготовките за натпреварите кои ги очекуваат во следните денови. Прво е пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија, кој може да биде и „загревање“ за домашниот натпревар со Лихтенштајн од квалификациите за СП 2026.
Победа на тој натпревар и трите бода ќе бидат од голема важност пред гостинските натпревари со Белгија во октомври и со Велс во ноември.
Играчот од одбраната, Никола Серафимов, кој од оваа сезона е член на Левски од Софија смета дека треба да се фокусираме на мечот во Прага, а потоа со Лихтенштајн.
Пријателскиот натпревар нашата репрезентација го игра в четврток од 17 часот во Прага.