Свет толпа демонстранти

Големи антивладини протеси во Индонезија, полицијата со солзавец ги растерува студентите

Студентското тело на UNISBA ги обвини безбедносните сили дека се обидуваат да го сокријат конфликтот, велејќи дека тие „брутално го нападнале“ кампусот.

Големи антивладини протеси во Индонезија, полицијата со солзавец ги растерува студентите

Индонезиската полиција пукаше врз толпа демонстранти во близина на два универзитета во големиот регионален универзитет во Бандунг, соопштија денеска студентски групи и локалните власти, зголемувајќи ги тензиите поради демонстрациите во кои од минатата недела загинаа осум лица.

Протестите започнаа во главниот град Џакарти заради зголемување на владините трошоци како што се бенефициите за пратениците, а оттогаш се проширија низ целата земја. Тие ескалираа откако полициско возило удри и усмрти возач на такси-мотоцикл, а во главниот град е предизвикана материјална штета од повеќе од еден милион долари.

Полицијата испука солзавец врз толпата во близина на кампусот на Исламскиот универзитет во Бандунг (UNISBA) и блискиот универзитет Пасундан, на повеќе од 140 километри од Џакарта, објавија студентските групи на двете институции на Инстаграм.

Студент по јога Тадијалага Ручијат на универзитетот Пасундан изјави дека студенти се лути заради  инцидентот.

„Површините наменети за образование се неутрални, тие се безбедни зони“, рече тој.

Студентите на универзитетите долго време се сметаат за лидери на индонезиската демократија, преземајќи водечка улога во протестите што доведоа до соборување на авторитарниот лидер Сухарто во 1998 година.

Полицискиот службеник Хендра Рошмаван изјави дека властите не влегле во кампусот, туку се обиделе да ја разбијат толпата демонстранти кои не биле студенти и барале заштита во кампусот, додека ги блокирале патиштата во областа.

Ректорот на UNISBA, Харитс Нуман, ја потврди изјавата на полицијата, велејќи дека кампусот служи како медицински центар за демонстрантите.

Студентското тело на UNISBA ги обвини безбедносните сили дека се обидуваат да го сокријат конфликтот, велејќи дека тие „брутално го нападнале“ кампусот.

Претседателот Прабово Субианто, кој беше воен лидер под Сухарто, се сретна со синдикатите, од кои некои се придружија на протестот минатата недела за зголемување на минималната плата. Тој рече дека на законодавците им порачал да работат  врз законите за труд, согласно насоките од неговата канцеларија.

Претседателот на Индонезиската конфедерација на синдикати, Саид Икбал, на прес-конференција изјави дека го информирал Прабова за барањата на работниците, како што се ниската цена на работна сила, аутсорсингот и намалување на данокот на доход.

Прабово предупреди дека полицијата и армијата ќе се спротивстават на насилната ескалација. Полицијата во Џакарти соопшти дека од немирите се уапсени над 1.200 лица, а градските власти пријавиле загуби од 3,4 милиони долари.

Најмалку осум лица загинаа во протестите, изјави министерот за економија Аирланга Хартарто.

Аналитичарите велат дека овие протести се тест за Прабова, кој во ноември ќе ја заврши само првата година од мандатот.

Растечката нееднаквост меѓу Индонезијците придонесе за зголемувањето на протестите, рече Ахмад Сукарсоно, заменик-директор на консултантската фирма „Контрол Рискс“, повикувајќи се на неодамнешноит усвоен додарок за пратениците во парламентот, што го предизвика бранот јавно незадоволство.

„Растечкиот јаз меѓу богатите и сиромашните во Индонезија создава лесно запалив пласт  сува трева. Политиките кои не ги земаат предвид општествените  чувствителности, како што се погодностите за пратениците, потоа дејствуваат како кибрит“, рече тој.

Меѓународните групи за човекови права ја критикуваа реакцијата на безбедносните сили.

„Индонезиските власти постапија неодговорно третирајќи ги протестите како предавство или тероризам“, изјави Минакши Гангули, заменик-директор за Азија во Хјуман рајтс воч.

Индонезијците додадоа нијанси на розова и зелена боја на своите профилни слики на социјалните мрежи како одговор на протестите, а некои го користат хаштагот #ResetIndonesia. Тие наведуваат 25 барања до владата, вклучувајќи и крај на полициската бруталност и обезбедување пристојни плати за граѓаните. (МИА)

To top