На последниот ден од преодниот рок Јувентус го договори Лоис Опенда од РБ Лајпциг.
Белгиецот дојде во Торино на позајмица со право на откуп. Италијанскиот клуб ќе плати четири милиони евра веднаш, со опција за уште 26 милиони евра следното лето.
Од ростерот кој минатата сезона го освои четвртото место си замина Никола Гонзалез, на позајмица во Атлетико Мадрид.