Пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска на стартот на новата учебна година на учениците им посака многу успех, упорност и радост во учењето.
-Нека секој нов ден ви донесе нови знаења, нови пријателства и многу убави спомени. Посебна честитка упатувам до нашите најмали – првачињата. Добредојдовте во светот на книгите и знаењата! Ви посакувам училиштето да биде ваш втор дом, каде што со љубопитност ќе растете во знаење и добрина.
Како мајка, знам колку е важно секое дете да се чувствува сигурно и сакано. Како човек од образованието, верувам во силата на знаењето како најголемо богатство. А како пратеник, мојата обврска и чест е да работам за подобри услови и можности за сите ученици, наставници и родители.
Среќен почеток и успешна учебна година на сите, напиша Стаменкоска Трајкоска на социјалните мрежи.