Скопје ВМРО-ДПМНЕ

Лукровски: Ќе ставиме акцент на сите проблеми кои ги мачат карпошани, како паркингот, запуштените паркови, кучињата скитници

Сотир Лукровски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Карпош, денес гостуваше на утринската емисија на телевизија Алфа. Лукровски истакна дека направена е анкета на жителите на општина Карпош со околу 600 испитаници. Тој истакна кои се главните прашања кои ги засегаат жителите на општина Карпош, и додаде дека во првите две години би се фокусирал да најде решение за истите.

– Откога ќе ја согледаме состојбата финансиската кондиција на општината ќе знаеме какви проекти ќе можеме да понудиме. Ако во првите две години се посветиме на паркингот, на ревитализација на парковите, на проблемот со бездомните животните, загадувањето. Тоа се пар работи кои вака многу нормални меѓутоа и те како имаме да работиме на нив, рече Лукровски.

Лукровски истакна дека би бил задоволен доколку погоре набројаните прашања се затворат во првите две години, а додаде и дека подоцна може да се размислува за други поголеми проекти за општина Карпош.

– Направивме и една анкета на 600 испитаници од нашата општина и ни се потврди она што го очекувавме. Паркингот е најголем проблем, им смета на луѓето, запуштените паркови, кучињата скитници прават проблем. Имаме од една страна луѓе кои се повеќе одгледуваат миленичиња меѓутоа ова што е неконтролирано им смета. Безбедноста беше исто нагласена, како безбедноста околу училишните објекти така и безбедноста на домовите. Тоа се некои проблеми кои се од комунален карактер. И она што им смета е непланското градење, истакна Лукровски.

Најнови вести од Скопје

To top