Скопје Министерство за животна средина и просторно планирање

Меџити: Од ОУ „Конгреси и Манастирит“ започнуваме со имплементација на едносменско учење во Чаир

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Мехмети, го посети Основното училиште „ Конгреси и Манастирит “ по повод почетокот на новата учебна година.

Меџити: Од ОУ „Конгреси и Манастирит“ започнуваме со имплементација на едносменско учење во Чаир

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Мехмети, го посети Основното училиште „ Конгреси и Манастирит “ по повод почетокот на новата учебна година.

Меџити, пред наставниот кадар и учениците на ова училиште, изјави дека првиот чекор кон европско образование во Чаир започнува токму од ова училиште, каде што од денес започна имплементацијата на едносменска настава.

– Денес, на првиот ден од учебната година, го правиме првиот конкретен чекор кон европско образование вчо Чаир: започнуваме со настава во една смена во ОУ ‘Конгреси и Манастирит’. Ова не е само најава – ова е реализација. Ова е доказ дека нашите проекти и ветувања имаат кредибилитет и тежина, и дека работиме сериозно, со план и одговорност, изјави Меџити.

За децата, ова значи поквалитетна настава, интерактивни часови и проекти, повеќе спорт и култура, безбеден и мотивирачки амбиент, рече Меџити, и додаде дека за родителите ова значи гарантирана грижа и безбедност, помалку стрес и подобро планирање на работниот ден, како и редовна и транспарентна комуникација со училиштето.

– За наставниците, ова значи обука за современи методи, користење на дигитални алатки и инклузивни практики, јасна организација на работниот ден и стимулативен систем за резултати и професионален развој, додаде Меџити.

Првиот вицепремиер Меџити најави дека пилот-моделот во „Конгреси и Манастирит“ ќе се прошири, според јасен календар, и во другите училишта. Во рок од четири години, Чаир ќе стане општина во која сите основни училишта ќе функционираат со едносменска и целодневна настава.

To top