Храна и Пијалаци Вкусен рецепт

Тестенини со спанаќ

Брзо, едноставно, вкусно и евтино јадење за време на сезоната на спанаќ.

Тестенини со спанаќ

Состојки:

(за 3 лица)

1 кромид
2 чешниња лук
1 лажица путер
200 грама тестенини
550 грама спанаќ
150 грама сирење
сол
бибер
2 лажици маслиново масло

Подготовка:

Сварете ги тестенините, измијте го спанаќот и исечете го на ленти. Исечкајте го кромидот и пржете го на путер (или масло). Додадете го сечканиот лук. Кога лукот ќе ја пушти својата арома, додадете го сецканиот спанаќ. Кога ќе омекне, додадете ги сварените и исцедени тестенини. На крај, додадете рендано сирење по ваш избор. Сол, бибер, додадете маслиново масло. Измешајте сè заедно и јадењето е готово. Покријте, оставете неколку минути за сирењето да се стопи и сервирајте.

To top