Македонија Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Министерот Муцунски ќе учествува на Бледскиот стратешки форум 2025

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре ќе престојува во Република Словенија, каде што ќе учествува на Бледскиот стратешки форум, кој се одржува во градот Блед.

Во рамките на форумот, министерот ќе се обрати на панел-дискусијата на тема „Нема регион за младите – време е за промени“. Сесијата ќе ги обедини министрите за надворешни работи и младите експерти од регионот, нудејќи уникатна можност за соочување со предизвиците и разгледување на вистинските потреби за суштинска трансформација.

Покрај учеството во официјалната програма, тој ќе присуствува и на работен појадок со министрите за надворешни работи од регионот, каде што ќе се направи пресек на актуелните состојби и предизвици на Западен Балкан.

На маргините на форумот, предвидени се и повеќе билатерални средби со министри и претставници на меѓународни организации.

To top