Свет Копенхаген

Неформална средба на министрите за европски прашања на членките на ЕУ и кандидатите за членство во Копенхаген

Главниот фокус на средбата ќе биде ставен на различните аспекти на проширувањето на Европската Унија под наслов „Од Копенхаген преку Копенхаген до Копенхаген“, при што ќе се направи осврт на процесот на проширување за време на претходните претседавања на Данска со блокот во 1993 и 2002 година, како и за договорените Копенхашки критериуми за членство од 2004 година.

Неформална средба на министрите за европски прашања на членките на ЕУ и кандидатите за членство во Копенхаген

Министерот за европски прашања на Република Македонија, Орхан Муртезани, на 1 и 2 септември 2025 година ќе учествува на неформалниот Состанок на Министрите за европски прашања што се одржува во Копенхаген, во рамките на Данското претседавање со Советот на Европската Унија.

На состанокот, Министрите на земјите членки на ЕУ, заедно со колегите од Западен Балкан, Украина, Молдавија и Турција, ќе разменат мислења за значењето на Копенхашките критериуми како основа на процесот на проширување и за концептот на Постепена интеграција како механизам за одржување на европската перспектива и зајакнување на кредибилитетот на процесот на пристапување.

Според најавата на Данското претседателство со ЕУ, главниот фокус на средбата ќе биде ставен на различните аспекти на проширувањето на Европската Унија под наслов „Од Копенхаген преку Копенхаген до Копенхаген“, при што ќе се направи осврт на процесот на проширување за време на претходните претседавања на Данска со блокот во 1993 и 2002 година, како и за договорените Копенхашки критериуми за членство од 2004 година.

Средбата започнува вечерва со неформална вечера на учесниците на собирот. Работниот дел од состанокот ќе се одржи утре со две работни сесии.

Првата сесија ќе биде посветена на значењето на Копенхашките критериуми за проширувањето на ЕУ, додека на втората на која ќе учествуваат само министрите на земјите членки на Унијата ќе стане збор за зајакнување на алатките на блокот за владеење на правото.

Состанокот ќе заврши со работен ручек на кој ќе стане збор за подготовките на ЕУ за понатамошниот процес на проширување, вклучително и за потребните внатрешни реформи во блокот.

Неформалните средби на ресорните министри на земјите членки се собири на кои не се носат никакви одлуки, туку само се дискутира и за разменуваат мислења за одредени теми и прашања.

To top