Свет

Најлошата фаза од шумските пожари во Шпанија заврши, следува постојан надзор

Најлошата фаза од шумските пожари што ја зафатија Шпанија заврши, а се премина на мерки на претпазливост и постојан надзор, со што е завршена една од најтешките сезони на пожари во поновата историја на земјата.

Во пожарите во Шпанија досега изгореа над 300.000 хектари, четири лица ги загубија животите, а 48 се повредени, соопштија денеска официјални лица.

Директорката на националната служба за цивилна заштита и вонредни состојби, Вирхинија Барконес, на прес-конференција соопшти дека на состанокот на државниот Координационен комитет (Cecod) било заклучено дека условите се доволно подобриле за Шпанија да може да премине во следната фаза.

Новите мерки на претпазливост и постојан надзор, договорени од Cecod, значат дека владата ќе продолжи да ги координира и да ги става на располагање сите расположливи ресурси за подрачјата погодени од пожарите.

To top