Тренерот на италијанскиот прволигаш Рома, Жозе Мурињо, демантираше дека го контактирале луѓе од Фудбалската федерација на Бразил во врска со селекторската должност на клупата на јужноамериканската репрезентација.
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ја одби понудата да ја предводи бразилската репрезентација и неодамна го продолжи договорот со шпанскиот клуб, а медиумите шпекулираат дека бразилската страна потоа го контактирала Мурињо.
„Не знам дали е точно тоа во врска со Бразил, бидејќи директно не разговарале со мене. Му реков на мојот менаџер дека, сè додека клубот не одлучи дали останувам, не сакам да знам, ниту да разговарам со некого“, изјави Мурињо.
Португалскиот стратег најави дека идната недела на Нетфликс ќе почне да се прикажува документарен филм посветен на неговата кариера