Свет Нема договори

Песков: Кремљ и натаму е заинтересиран за продолжување на преговорите со Киев

Песков рече дека украинските сили продолжуваат да гаѓаат руски инфраструктурни објекти и цивилната инфраструктура.

Песков: Кремљ и натаму е заинтересиран за продолжување на преговорите со Киев

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Русија и натаму е заинтересирана за продолжување на преговарачкиот процес со Украина.

„Специјалната воена операција продолжува. Во исто време, Русија го задржува својот интерес за продолжување на преговарачкиот процес со цел да се постигнат целите со кои се соочуваме преку политички и дипломатски средства“, рече тој на брифинг за медиумите,одговарајќи на прашањето дали постои контрадикција помеѓу изјавите на Москва за нејзината желба да постигне напредок во преговорите со Украина и нападите врз воените објекти во соседната земја, пренесоа руските медиуми.

Песков рече дека украинските сили продолжуваат да гаѓаат руски инфраструктурни објекти и цивилната инфраструктура.

-Руските вооружени сили, исто така, ги исполнуваат своите задачи; тие продолжуваат да напаѓаат воени и паравоени инфраструктурни објекти. Нападите се успешни, целите се уништуваат, додаде Песков.

Според него, нема договори за воспоставување „воздушен прекин на огнот“ за време на конфликтот во Украина.

-Не се постигнати никакви договори за ова прашање. Сè што може да се преговара во контекст на барање излез од конфликтот треба дискретно да се разгледа, додаде портпаролот на Путин. (МИА)

To top