Македонија Меморандум

„Нова ера во грижата за пациентите“: ИЈЗ и геријатрија „13-ти Ноември“ потпишаа дологорочна соработка

-Оваа партнерство е чекор напред во нашата посветеност да обезбедиме сеопфатна и современа нега, каде што здравствената исхрана е клучен дел од грижата. Заедно, градиме подобро здравје за сите, порача Андоновска.

„Нова ера во грижата за пациентите“: ИЈЗ и геријатрија „13-ти Ноември“ потпишаа дологорочна соработка

Нова ера во грижата за нашитe пациенти. На 27-08-2025 година беше потпишан меморандум за долгорочната соработка помеѓу ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина 13 Ноември – Скопје и Институтот за јавно здравје, претставени од прим. д-р Ленче Нелоска и Науч.сор. д-р Марија Андоновска.

Посочија дека со комбинирање на медицинската експертиза на лекарите и нутриционистичките експерти на Институтот, заеднички ќе се работи на:

-Изготвување индивидуализирани менија согласно дијагнозата и специфичните потреби на секој пациент.

-Креирање научно-базирани препораки за исхрана што ќе го поддржат процесот на лекување.

-Подобрување на вкупниот здравствен статус преку квалитетна и балансирана нутриција.

-Оваа партнерство е чекор напред во нашата посветеност да обезбедиме сеопфатна и современа нега, каде што здравствената исхрана е клучен дел од грижата. Заедно, градиме подобро здравје за сите, порачаа потписниците на меморандумот.

Најнови вести од Македонија

To top