Вести од ветенотo реализираа едвај 20 проценти

Николов: За 7 години СДС и ДУИ на власт во здравството има само корупција, непотизам, враќање на состојбата децении назад

Никогаш не било полошо, време е да ги поразиме! Доста е од „Ќе“ влада, доста е од „Ќе“ здравство.

Николов: За 7 години СДС и ДУИ на власт во здравството има само корупција, непотизам, враќање на состојбата децении назад

За здравството во последните седум години има само една констатација, а тоа е „никогаш не било полошо“.Власта на СДС и ДУИ го уназади здравствениот систем особено јавното здравство, редеше скандали, наместо инфраструктура ги полнеше своите џебови, а заборави и на граѓаните. Не само што нема прогрес во ресорот што живот значи, туку имавме и враќање на неколку децении наназад, истакна Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

-Зад себе по 7 години оставија само деградација на здравствениот систем и кадар кој е демотивиран од непотистичките, исполитизирани вработувања, без критериуми, а спремени само за кадри блиски до власта. Зад себе по 7 години оставија само деградација на здравствениот систем, заборавија на граѓаните и нивните потреби за модерен здравствен систем.

Што се случуваше?

Минатата година за состојбите во здравството власта предводена од СДС и ДУИ доби најблаго кажано шлаканица од Брисел. Извештајот на ЕК беше негативен и констатираше основна негрижа и назадување особено во јавното здравство.

Наместо изградба на нов клинички центар кој требаше да биде веќе готов граѓаните, поради неспособноста и следењето на личните и партиски интереси на СДС и ДУИ, ќе плаќаат отштета. И тоа станува збор за отштета од речиси 20 милиони евра која ќе треба да се плати со народни пари.

Во 2021 година во септември изгоре модуларната болница во Тетово, направена со изолација од пурпена, имаше 14 мртви пациенти и нула одговорност.

Власта на СДС и ДУИ имаше обиди за приватизација на биохемиските лаборатории, за приватизација и концесија на Итна медицинска помош, дури и за ГОБ „8 Септември“. И сето тоа со една цел за лични потреби и лични профити.

Власта на СДС и ДУИ остави печат и со низа нетранспарентни тендери кои одговараат на само еден понудувач. Нетранспарентни беа посебно набавките на лекови за ретки болести.

На почетокот на 2023 година падна системот на Фондот за здравствено осигурување со што беше загрoзена безбедноста на личните податоци на осигурениците и пациентите. Не се исплаќаа рефундации за лекови, боледувања, а проблем настана и со платите на медицинскиот персонал.

Сведочевме на скандалот на Онкологија за кој власта прозборе на крајот на септември минатата година. Како Комисија за здравство уште во април предупредувавме за случувањата. Сумирано, на Клиниката за онкологија се работело без протоколи, без стручни колегиуми, без систем на следливост кој намерно бил елиминиран, за што едноставно страдаат пацентите, единствено тие додека некој профитира во Министерството за здравство и ФЗО.

Никогаш не било полошо и затоа ќе ги поразиме. Ветувањата останаа само на на хартија. „Ќе“ епохалните проекти од „рубриката не се случило” денес се само синоним за лаги, манипулации, и неработа во овие 7 години, како и маргинализација на овој ресор.

Ветија ревизија на Позитивна листа на лекови, а нема ниту абер од новите модерни лекови на Позитивна листа. Во моментов на клиниките кои се круцијални во здравствениот систем недостасуваат основни лекови. Се чини дека подготвуваат Позитивна листа по терк на фармацевстските компании блиски до СДС и ДУИ, додека во соседството гледаме како едноставно се додаваат модерни лекови на позитивните листи.

Ветија реформа на примарната здравствена заштита, ја стартуваа и така ја оставија.

Ветуваа и ослободување од партиципација за болничко лекување за пациентите, ветуваа основање на фонд за лекување во странство на деца до 18 години. Но, сето остана во рубриката „Ќе, никогаш не се случило“.

Едно е јасно, од назадување во сите сегменти во здравството, особено во јавното здравство и нереализација на проектите и „Ќе“ и „Ќе“ пустошот пустош навистина е доволно!

Никогаш не било полошо, време е да ги поразиме! Доста е од „Ќе“ влада, доста е од „Ќе“ здравство.

Наш приоритет е итно рестартирање на здравствениот систем!

To top